Нови 905 случаи на ковид-19 и 18 починати лица

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.808 тестови, а регистрирани се 905 нови случаи на КОВИД-19.

Најмногу заразени има во Скопје – 468, Битола – 57, Кавадарци – 43, Велес – 41, Куманово – 38, Тетово – 32, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Радовиш – 16, Гевгелија и Неготино – по 15, Штип – 14, Кичево – 13, Ресен – 12, Свети Николе – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Дебар – 7, Кочани – 6, Валандово – 5, Крива Паланка, Берово и Виница – по 4, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (905), регистрирани се 161 реинфекции.

Регистрирани сe 1.565 оздравени пациенти од: Скопје – 970, Куманово – 89, Тетово и Прилеп – по 58, Кавадарци – 57, Битола – 47, Струмица – 31, Велес – 28, Кочани – 24, Неготино – 21, Охрид – 20, Гевгелија и Штип – по 18, Гостивар – 14, Кичево и Струга – по 13, Крива Паланка – 12, Радовиш – 11, Богданци – 9, Македонски Брод – 7, Берово – 6, Свети Николе – 5, Ресен, Виница, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 4, Дебар, Валандово и Демир Хисар – по 3, Крушево и Македонска Каменица – по 2, Кратово, Пробиштип и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (70г, 77г и 97г) и Прилеп (61г, 72г и 77г) и по едно од Велес (75г), Охрид (88г), Кавадарци (58г) и Крушево (63г). Од пријавените лица 9 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Охрид (1), Битола (1), Куманово (1), Македонски Брод (1) и Неготино (1). Починатите лица се на возраст од 54г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 07.02. до 15.02.2022. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 15 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.808 тестови преку: ИЈЗ-397, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-6, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–164, Жан Митрев (Филип Втори)-98, Авицена-120, Биотек-133, Систина-64, лабораторија Лаор-75, Синлаб-17, Ремедика-7, Плодност-40, Генеа-10, Никоб Лаб-301, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-36, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-18, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 885.

Досега во земјата се направени вкупно 1.862.041 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 291.820, бројот на оздравени пациенти е 274.808, на починати е 8.869, а бројот на активни случаи изнесува 8.143.

 

Поврзани новости