Малолетници краделе од цркви, полицијата ги казни

by Fokus

Кривична пријава е поднесена против двајца малолетници од село Радуша и од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.

„Во периодот од 11 до 25 јули годинава, со употреба на физичка сила и подесен предмет, пријавените влегле во црквата „Свети Никола“ во селото Копанце и „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во селото Туденце и одзеле пари“, велат од МВР.

Инспектор по малолетничка деликвенција при СВР Тетово и претставник од Центарот за социјални работи во Тетово, со пријавените бил извршен службен разговор.

Поврзани новости