354
Неколку малолетници од Струга вчера од брегот на езерото извадиле граната, по што случајот бил пријавен во полиција.
-На 11.08.2018 година околу 11.00 часот во Полициската станица Струга, П.П. (64) од с.Радожда, струшко, пријавил дека од страна на малолетни деца од брегот на езерото, била извадена експлозивна направа-граната која била оставена на брегот во близина на влезот во с.Радожда. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга и овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување Струга, од чија страна пронајдената граната била подигната за понатамошна постапка, информираат од МВР.