Скопјанец бил нападнат од кучиња скитници, едно го каснало за нога

by fokus

Глутница кучињавчера нападнале скопјанец додека со велосипед се возел на плоштадот Македонија. Едно од кучињата скитници успеало да го касне за нога.

-На 11.08.2018 година  во 10.00 часот во Полициската станица Центар, С.Ф. (67) од Скопје пријавил дека на 10.08.2018 година околу 13.00 часот на Плоштад Македонија, додека управувал велосипед, бил нападнат од повеќе кучиња скитници, при што едно од нив го каснало на левата потколеница, информираат од МВР.

Поврзани новости