Малолетник со сила му одзел накит на шведски државјанин во Градскиот парк

by irena 19:54
19:54

Дваесет и седумгодишен државјанин на Шведска пријавил дека бил ограбен во Градскиот парк во Скопје, откако му се приближиле неколку малолетни лица.

Според МВР, инцидентот се случил на 10 октомври околу 2 часот по полноќ. Едно од лицата, според пријавата, употребило физичка сила и му го одзело личниот накит.

Шведскиот државјанин Х.Х.В. го пријавил случајот истиот ден во 12 часот во СВР Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични вести