Малолетник со „голф“ прегази пешак во Чаир

by irena 13:34
13:34

МВР информира дека доцна синоќа околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести