Левица: Институциите се покрадени до степен да немаат ни за струја – УКИМ е во мрак

by irena 14:22
14:22

„Македонија под власта на ДПМНЕ стигна до апсурд што звучи како политичка сатира, а всушност е поразителна реалност – во третата светска економија најстариот македонски универзитет останува без струја поради неплатени сметки! Државата што наводно чекори кон технолошка револуција, дигитална трансформација и економски препород не може да ја плати електричната енергија во образовните институции. Факултетите и Ректоратот на УКИМ во мрак, Пошта и културните установи под закана од истата судбина. Ова е срамна слика за приоритетите во оваа држава и за способноста на власта да го обезбеди дури и најелементарното функционирање на јавниот систем“ соопштија од Левица.

Од партијата велат „Додека ДПМНЕ две години ја усовршува дисциплината на делење фотелји, институциите не можат да ги подмират ни основните режиски трошоци. Додека партиските кадровски комбинаторики ја окупираат политичката агенда, јавните установи тонат во долгови и финансиска неизвесност“.

„Ова не е првпат под власта на ДПМНЕ образовните институции да остануваат во мрак поради неплатени сметки. Во февруари годинава, студентите од домот „Никола Карев“ во Охрид останаа без струја, греење и топла вода, па беа принудени да палат свеќи среде испитна сесија. Во јуни, истиот дом повторно остана без електрична енергија, овојпат цела недела, поради долг од над три милиони денари, а студентите ги напуштаа собите во неподносливи услови. Во „Пелагонија“ струјата беше исклучена поради долг од над седум милиони денари“ е ставот на Левица.

Слични вести