Хуманитарен авто собир во Илинден за помош на полицискиот службеник Стефан

by irena 14:37
14:37

Во недела (6 декември) со почеток во 10:00 часот, во населбата Илинден ќе се одржи голем хуманитарен авто-собир со цел да се соберат финансиски средства за продолжување на лекувањето на Стефан.

Стефан, кој е сопруг, татко на едногодишно дете и полициски службеник, по струен удар и пад од височина се здоби со тешка повреда на ‘рбетот што предизвика тетраплегија. За негово закрепнување неопходно е итно продолжување на лекувањето во специјализирана медицинска установа во странство, како и респираторна поддршка, физикална терапија и интензивна рехабилитација.

Настанот ќе се одржи на просторот кај спортската сала „Македонија“ (до „Loco Croco“). Влезот, односно котизацијата која оди директно во хуманитарни цели, изнесува 500 денари за автомобили и мотори, и 200 денари за скутери.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на автомобили и хумани граѓани да дојдат во што поголем број, најавувајќи дека на самата локација ќе бидат поставени и кутии за доброволни донации за сите посетители.

Слични вести