2
Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе“ најави протест и блокада пред Владата, во петок, 20 ноември, со почеток во 13 часот, против фемицидот и насилството врз жените.
Протестот доаѓа по последниот случај на насилство врз младата охриѓанка Сара Ѓорѓиевска, која беше претепана од нејзиниот партнер.
Организаторите преку повикот за протест бараат одговорност, правда и права, наведувајќи дека е доста од ветувања, молчење и чекање.
Од иницијативата повикуваат граѓаните да излезат на улица и да ја поддржат борбата против насилството врз жените, нагласувајќи дека институциите мора да преземат конкретни мерки, а не само да даваат ветувања.