За палењето на двете возила на Бугарската амбасада во Скопје доби 8 месеци затвор

by irena 13:31
13:31

Скопјанецот Игор Дашковски Стојановски (44) е осуден на осум месеци затвор и доби парична казна од 3.300 евра за палењето на две дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје.

Притоа судот му го укина притворот и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот.

Стојановски ја призна вината и изјави дека на 15 јуни годинава сам одлучи да ги полие возилата со бензин, па потоа да ги запали.

Судот го прогласи за виновен за загрозување лица и објекти под меѓународно правна заштита.

За укинување на притворот, судот наведе дека осудениот веќе помина во притвор околу половина од изречената затворска казна и оцени дека опасноста од бегство е значително намалена.

Судот зема во предвид дека имаше признание на вина, а притоа Стојановски има малолетно дете и постојано живеалиште во државата.

Стојановски ќе треба секоја среда, од 9:30 до 12:00 часот, да се јавува кај службено лице во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје.

 

Слични вести