684
Малолетно момче на 14-годишна возраст од виничкото село Истибања попладнево се удавило во водите на реката Брегалница.
Според првичните информации, трагичниот настан се случил во атарот на селото Калиманци, каде што момчето отишло на риболов и влегло во водата.
Полицијата го потврдува трагичниот настан, но не соопштува детали.
Потрагата по телото на момчето е во тек.