427
Десетгодишен малолетник во куќата на неговиот дедо во гостиварското село Зубовце си ја повредил раката додека со леткум загревал куршум од гасен пиштол.
Притоа, според Министерството за внатрешни работи, пиштолот пукнал и му нанел повреда во пределот на показалецот на левата рака, а повреденото дете е пренесено во Медицински центар -Гостивар.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица -Гостивар.