Малолетник изрешета роднини со пиштол во Алабама

by fokus

Четиринаесетгодишник во САД застрела пет члена од своето семејство во државата Алабама, соопшти локалната полиција.

Тинејџерот се јавил сам во полиција и рекол дека застрелал пет члена на неговото семејство во домот, објави канцеларијата на шерифот на округот Лиманстаун, на границата со Тенеси, јужно од Нешвил.

– Тој сега им помага на истражителите да го најдат оружјето, пиштол со калибар од девет милиметри за кој рече дека го фрлил во околината, наведоа властите.

Три лица починале на местото на нападот, а двајца биле однесени во болница во критична состојба каде им подлегнале на повредите, соопшти полицијата.

Поврзани новости