Малолетник избоден со нож во Сарај

by Fokus

Убодна рана добило момче од Сарај пред угостителски објект откако било нападнато од три непознати лица, велат од МВР.

„На 21.02.2020 во 19:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница„8-ми Септември“ бил донесен повреден 16 годишен малолетник од с.Сарај, скопско, по чие кажување околу 19:30 часот во близина на угостителски објект на ул.“2“ во с.Сарај бил физички нападнат од три непознати лица, при што едно од лицата со остар предмет му нанело убодна рана.Од лекар на малолетникот му се констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.

Поврзани новости