Малолетник хоспитализиран откако бил прегазен од мотоциклист во Скопје

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, мотоциклист од Скопје прегазил малолетно момче, кое веднаш било хоспитализирано во Градска болница во Скопје.

„На 13.10.2019 во 16.05 часот било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, во близина на крстосницата со ул.„Дижонска“, Е.Г.(20) од Скопје, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од с.Палиград. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости