392
Четириесет и шест годишниот Ј.Ц. од Скопје пријавил дека вчера попладне во Горно Лисиче, при излегување од гостилницата, здогледал како 17-годишен малолетник физички напаѓа друго малолетно лице, па се обидел да интервенира, но и тој бил нападнат.
„Ј.Ц. му рекол да напаѓачот да престане, но малолетникот почнал да го навредува и да му се заканува, по што извадил нож и пробал да го прободе пријавителот во пределот на стомакот но истиот ја пружил раката така што му била нанесена расекотина“, стои во билтенот на МВР.
Пријавителот бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде му е констатирана му била телесна повреда, а против напаѓот е констатиран прекршок според по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.