Денеска се уапсени двајца осомничени за убиството на Ранко Радошевиќ (54), попознат по прекарот Ескобар, пишуваат српските медиуми. Уапсени се Лука В. (27) и Стефан З.
Полицијата во станот пронашла и оружје за кое се претпоставува дека е оружјето со кое е убиен Радошевиќ. Малолетно девојче е трето уапсено лице во станбениот блок во Нов Белград каде беа уапсени осомничените за убиството на Ескобар.
Таа е уапсена поради соучесништво. Според Нова.рс, и двајцата уапсени и биле од претходно познати на полицијата и имаат криминални досиеја.
Радошевиќ беше убиен во кафуле на бензинска пумпа во приградската населба Рушањ. Тој беше убиен пред 20-тина сведоци, а според првичните информации, убијците испукале пет куршуми погодувајќи го во телото, а потоа уште два куршуми во главата.
Убиениот Радошевиќ наводно бил член на позната криминална група од Никшиќ, која се занимавала со трговија со наркотици. „Ранко Ескобар“, според неофицијални информации, е сопственик на скап возен парк и се занимава со препродажба на возила.
Според српските медиуми, убиениот се занимавал и со шверц на кокаин и марихуана, а наводно бил и припадник на кланот „Бежанија“ на Горан Мијатовиќ.