Во дебатата на „360 степени“, на Алсат М, поранешниот антикорупционер Драган Малиновски истакна дека и по завршувањето на рокот на СЈО за постапување, не значи дека осомничените ќе се спасат од вина.
-Задача на СЈО е да спроведе квалитетни истраги и добро да ги подготви обвиненијата. Дали ќе се стигне и во кој рок ќе се стигне, се разбира дека притиска времето, меѓутоа не би го довел квалитетот во прашање. Затоа што рокот е за поднесување обвиненија – рече Малиновски.
– Проблем е што нема да ги работи СЈО, туку некое редовно обвинителство. Недозволив е ставот – аха, да, сега ќе му помине рокот на СЈО и тие ќе бидат слободни и неказнети. Не. Мој став е дека тие кривични дела за кои нема да биде покренато обвинение, ќе може да ги работи други обвинителство, поквалитетно кадровски екипирано, и порастеретено од политички влијанија, така да, дефинитивно, не може да се смета дека тие кривични дела ќе бидат згаснати и нема да се одговара за нив – рече Малиновски.