Малиновски: Антикорупциска остана нема кон пералницата на пари „Скопје 2014“

by Фокус

На протестот пред Собранието се обрати поранешниот член на Антикорупциската комисија, Драган Малиновски, кој беше дел од тимот што ја направи ревизијата на проектот „Скопје 2014“ на барање на општина Центар.

-Антикорупциската комисија остана нема на сите злодела и корупциски скандали кои се случија. Остана нема на пералницата на пари „Скопје 2014“, во чии рамки се одлеаја милиони евра во странски леарници, рече Малиновски.

Пред Собранието беше поставена и „пералница на пари“, а балони во различни бои беа пуштени во воздухот.

 

Поврзани новости