Сменет судијата кој одреди притвор за „Титаник”

by Фокус

Во кривичниот суд во Скопје од пред неколку дена е тргнат и последниот судија Албанец кој беше на претходна постапка и пратен во прекршоци, официјално „по негово барање“, а неофицијално, сменет е поради одобрување на притвор за член на Општинската изборна комисија од Чаир во предметот „Титаник“, пишува порталот Сведок.

Пајазит Пајазити е судијата кој во претходна постапка одлучувал по предметот „Титаник“ делот кој се однесуваше за манипулациите со изборните резултати во Чаир, и кој определил куќен притвор за член на Изборната комисија.

Ваквото решение на судијата кој го определил притворот беше укинато од страна на кривичниот совет во судот, како што беа укинати сите решенија за притвор определени во предмети иницирани од СЈО, а судијата завршил во Градскиот парк, во одделот за прекшоци, познат како „казнена единица“ во судот

Поврзани новости