Малески за францускиот предлог: Да ја искористиме шансата

by Фокус

Поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, смета дека сега случувањата со францускиот предлог е шанса земјава да тргне на патот кон ЕУ, каде, како што вели, застана пред 17 години кога го добивме кандидатскиот статус за членство во ЕУ.

-Шанса која ја создаде Франција, веројатно некоја голема сила тоа да го направи и шанса која не треба да се пропушти. Ретки се моментите кога се создаваат шанси, тие треба да се искористат оти потоа исчезнуваат и треба повторно години за нашето прашање се крене на ниво на интерес на некоја голема сила која е во состојба да ја истурка работата. После 25 години спор со Грција, САД притисна и така тргнавме. Нешто слично се случи и сега. Велика Британија излезе од Франција сега мора да мисли на проширувањето на ЕУ – рече Малески.

Поврзани новости