Олимпискиот пливач Александар Маленко и оперскиот пејач и првенец на МОБ Игор Дурловски се впуштија во меѓусебна виртуелна војна.
Дурловски, познат како еден од поддржувачите на иницијативата ,,За заедничка Македонија’’, кој што деновиве е редовен на уличните протести, го инспирирал Маленко да му посвети интересен статус на Твитер.
,,Господин уметник Игор Дурловски, се залагате за зачувување на Македонија и македонскиот јазик, а вашите три деца учат во американското школо Нова, каде годишно е 5.600 евра’’ – напишал поранешниот пливач.
Дурловски не му останал должен на охриѓанецот, па на својот Фејсбук профил, покрај објавата на Маленко допишал ,,Турунџиев – татко на годината’’.
Оперскиот солист беше назначен од Министерство за култура за директор на МОБ кон крајот на 2015 година. Со сопругата Ана, која што е оперска певица, пред две години се вратија во Македонија, по петнаесет години живот во Австрија и Германија. Имаат три деца, кои што се родени во Германија.
Александар Маленко моментално е во брак со својата четврта сопруга, Фанче, со која што има две деца и водат угостителски бизнис во Охрид. Беше оженет со ТВ водителката Сузана Турунџиева, со актерката Јелена Жугиќ и со русинката Татјана Михајловна Фјордова во минатото, и со секоја од нив има по едно дете. Тој се натпреваруваше за Македонија на Летните Олимписки игри во 1996 и 20044 година.
Вики Клинчарова