Призма: Судот за прекршоци ги одбил сите пријави против Сител и Нова

by fokus 13:52
13:52

Телевизиите Сител и Нова се единствените два медиума кои, и покрај тоа што имаат најмногу прекршочни постапки за известувањето во предизборниот период, ниту еднаш не одговарале пред суд, пишува Призма.

Според последниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) против телевизијата Сител биле покренати 7 прекршочни постапки, а против телевизијата Нова дури 17 за известувањето од предвремените парламентарни избори.

Сите пријави се однесуваат на тоа дека двата медиума го прекршиле Изборниот законик и не обезбедиле изборно медиумско претставување на правичен, избалансиран и непристрасен начин, а известувањето за редовните активности на државните органи и институции било во функција на изборно медиумско претставување на политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ. Голем број пријави се однесуваат и на тоа дека двете телевизии емитувале повеќе минути платено политичко рекламирање за политичките партии на власт.

За разлика од другите телевизии, кои, доколку прекршокот се случува првпат, добиваат прекршочна што завршува со опомена, а ако е вторпат се прогласуваат за виновни и се плаќа парична казна, за телевизиите Сител и Нова сите прекршочни пријави се отфрлени од страна на Судот за прекршоци. За двете телевизии досега не е изречена ниту опомена, пишува Призма.

Поврзани новости