ФОТО: Пожар беснее во подрум во Црниче, постои опасност да изгорат и становите во зградата

by fokus

Повеќе од два час трае напорот на неколку противпожарни екипи да изгаснат пожар кој избувна во подрумска просторија, во зграда, во скопската населба Црниче.

Се уште постои ризик пожарот да се прошири и да ги зафати осумте стана во зградата, бидејќи како што не информираа жители на населбата, пожарникарите имаат ограничен пристап, бидејќи подрумот е со голема површина, но освен една врата, нема друг влез или прозорци. Токму затоа пожарникарите се немоќни да го изгасат огнот.

Како што дознаваме, подумските простории биле изнајмени од една аптека, која ги користела како магацин.

Поврзани новости