Малчески: Колку побрзо ВМРО-ДПМНЕ избере нов лидер, толку подобро за Македонија

by fokus

Колку подолго се чека да се случи Конгрес во ВМРО-ДПМНЕ, толку полошо, вели Самоил Малчески, член на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за „Фокус“.

-Самиот партиски Статут му дозволува апсолутна власт на Никола Груевски во партијата. ВМРО ДПМНЕ веќе предолго време е заложник на лошите политики на врхушката. Во овој момент неопходно е да се избере ново раководство кое нема да има хипотеки и нема ништо да и должи на врхушката! Колку побрзо се случи тоа, толку подобро за Република Македонија. Само силно ВМРО ДПМНЕ може да се спротистави на сите негативни тенденции кои моментално се случуваат во Република Македонија, како и на најавите од нашиот јужен сосед за задирање во идентитетот на Македонскиот народ, односно во суштинска промена на името на државата, изјави Малчески.

Поврзани новости