Мал собир на лекарите од клинички

by Фокус

Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар не планира да организира штрајк, бидејќи нема заинтересираност кај членството, но затоа револтот од последниот случај со пукањето врз докторот ќе го изразат  утре во 10 часот преку получасовен протест во кругот на клиниките.

-Утре ќе се собереме во паркот кај хелиодромот во знак на револт од инцидентот, но сакаме и јавно да го покажеме револтот што го чувствуваме поради девалвирањето на нашата професија – изјави Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар. Според него со Законот за лекарска дејност мора да се предвиди најниската плата и реално да се вреднува трудот на лекарот.

 

Поврзани новости