519
До крајот на неделата Клиниката за дигестивна хирургија нема да извршува операции. Сите кои биле закажани се одложуваат. Ќе се примаат исклучиво само итните случаи. Дури нема да работат ни амбулантите за прегледи оти лекарите се револтирани од инцидентот што се случи со нивниот колега кога беше пукано во него.
Иако министерот Тодоров бил да ги посети и да ги натера да работат сепак лекарите останале на ставот дека нема да оперираат и дека нема да се вратат на работните места се додека клиниката не биде посилно заштитена, а не се реализираат и другите нивни барања.