Актуелниот кандидат за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски во интервју за Канал5 телевизија ексклузивно најави дека без разлика на исходот од престојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври, тој повеќе нема да биде пратеник во Собранието на Македонија.
– Немам официјално поднесено оставка, но имам поднесено оставка до претседателот Зоран Заев. Воедно, ја користам оваа прилика да дадам изјава и пред македонската јавност, без разлика на исходот од овие локални избори во Куманово, Максим Димитриевски по денот на завршувањето на изборите, повеќе нема да биде пратеник во Собранието. Тоа е мој принципиелен став и сметам дека како луѓе не треба да седиме на два стола. Граѓаните ни даваат одговорност, а ние треба одговорно да ги преземеме предизвиците – истакна Димитриевски.