Заев од Шуто Оризари: Ајде да победиме достоинствено, без насилство и манипулации

by fokus

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев денеска од партискиот митинг во општина Шуто Оризари, повика на мирен и достоинствен начин да се гласа за нивниот кандидат Курто Дудуш.

-Ајде да работиме заедно за да направиме општина во која граѓаните ќе живеат среќно и задоволно и ќе бидат пример не само за Македонија, туку за цела Европа. Здружено само заедно победуваме. Но, тоа ќе го направиме достоинствено. Без насилство и манипулации. Осудувам било какво насилство во изборниот процес и повикувам да се воздржиме сите од било каква активност која би можела да нанесе дамка на изборите. Куцо е мој другар и храбар соборец. Со него заедно се изборивме за промени во декември. Како пратеник Куцо храбро се бореше и ги застапуваше вашите интереси во Собранието, рече Заев.

Поврзани новости