Макрон со Рама во Париз: Франција е решена да направи повеќе за Западен Балкан

by Fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Париз, по средбата со албанскиот премиер Еди Рама, дека Франција е решена да направи повеќе за Западен Балкан, пренесуваат албанските медиуми.

Рама му се заблагодари на Макрон за неговата посветеност за подобрување на европската интеграција на Западен Балкан.

За време на заедничката прес-конференција со Макрон, Рама ја пофали улогата на францускиот претседател, додавајќи дека односите меѓу Албанија и Франција се подигнати на повисоко ниво.

Претседателот на Франција, како што се наведува, изјавил дека улогата на Рама во дијалогот меѓу Белград и Приштина е конструктивна и дека неговиот глас е „скапоцен“ во тој процес.

„Во сите регионални прашања неопходна е нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, рече Макрон.

Тој посочи дека Франција е посветена на интеграцијата на Албанија во Европската унија и дека „ова е да се направи Европа посилна и посуверена во контекст на војната во Украина“.

„Тоа е ветување за мир за целиот регион“, заклучил Макрон, а пренесува Албанската пошта.

Поврзани новости