Францускиот претседател Емануел Макрон повика на воздржаност за време на масовните демонстрации во средните училишта и на универзитетите – кои беа проследени со изливи на насилство – изјави министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез.
Обраќајќи се по кризниот состанок, Нуњез рече дека Макрон ги повикал луѓето да „покажат емпатија“ и објасни дека полицијата интервенира во случаи на сериозно насилство, пренесува новинската агенција ДПА.
Утрово беа пријавени нови блокади во француските средни училишта и на универзитетите – вклучително и во елитната париска институција „Sciences Po“ – по вчерашните протести од голем обем.
Како мерка на претпазливост, 528 училишта останаа целосно или делумно затворени. Синдикатите од секторот образование повикаа протестите да продолжат и утре, пренесува „Срна“.
Младите бараат подобри училишни капацитети, повеќе наставници и подобри услови за учење.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 266.000 луѓе учествувале во протестните маршеви во Париз и во другите поголеми градови во вторникот, додека синдикатите проценуваат дека бројот на учесници изнесувал 450.000.