1
Седумнаесетгодишна девојка од гостиварско вчера пријавила дека во изминатиот период била физички и психички малтретирана и добивала закани од нејзиниот невенчан сопруг, неговата мајка и неговата малолетна сестра, соопшти МВР.
Девојката пријавата ја поднела во Полициското одделение Ростуше во присуство на родител. Таа навела дека била малтретирана од нејзиниот невенчан сопруг И.У.(23), неговата мајка Д.У.(53) и неговата 15-годишна сестра, сите од гостиварско село.
Истиот ден, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше ги лишиле од слобода И.У., Д.У. и малолетничката.
По целосно расчистување и документирање на случајот, МВР најави дека ќе биде поднесена соодветна пријава.