281
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја бранеше својата одлука да присуствува на мисата на папата Франциско во Марсеј на 23 септември, велејќи дека ќе оди како претседател на секуларна земја, а не како католик.
Присуството на Макрон на мисата предизвика голема полемика во Франција. Радикалната левица го обвини дека го прекршил принципот на верска неутралност на државата.
-Мислам дека треба да одам. Нема да одам како католик, ќе одам како претседател на Републиката која е секуларна, изјави Макрон за време на неговиот престој во Семур-ен-Осоа.
Макрон посочи дека папата има ранг на шеф на државата и затоа неговото присуство во никој случај нема да ја доведе во прашање неутралноста на француската држава.
-Државата е неутрална, рече тој