Макрон го одликуваше Зеленски со орден „Легија на честа“

by fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го одликуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски со орденот „Легија на честа“ за време на неговата посета на Париз.

Во соопштението на Елисејската палата се вели дека ова е највисоката чест што може да ја одреди францускиот претседател.

-Поздрав до Украина и нејзиниот народ. Поздрав до тебе, драг Володимир, за твојата храброст и посветеност, напиша Макрон на Твитер.

Зеленски им порачал на Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц дека имаат шанса да го променат текот на војната против Русија ако испратат тешко оружје и напредни борбени авиони во Украина.

Поврзани новости