Макрон: Британци, излезете од Европската Унија

by Fokus

Франција моментално застапува јасна линија и за разлика од Германија, не сака на Британците да им поклонат уште повеќе време.

Франција го губи трпението и и покажува жолт картон на Британија заради продолжувањето на Брегзит, пишува денес Дојче веле, наведувајќи дека Париз смета дека Брегзит без договор би паднал на душа на Лондон и дека сакаат да избегнат ново одложување на европско-британскиот развод.

Франција моментално застапува јасна линија и за разлика од Германија, не сака на Британците да им поклонат уште повеќе време.

Од Елисејската палата извори на Дојче веле, велат дека францускиот претседател Емануел Макрон „не гледа наклонето на продолжување на роковите“.

Таа позиција, како што се констатира во текстот, би можела да стане вистински проблем. Ако Лондон побара уште време, би морале да се согласат сите членки на Европската Унија. Франција ја притиснала кочницата и ако останат на тоа, би можеле да одиграат одлучувачка улога во драмата наречена Брегзит.

 

Поврзани новости