Макрон: Балканот е срцето на Европа

by fokus

Претставувајќи ги приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската унија во првото шестомесечие на 2022 година, францускиот претседател Емануел Макрон се осврна на „големата одговорност која ја има Европската унија кон земјите од Западен Балкан.

-Нашето непосредно соседство е Западен Балкан, ние ќе организираме во јуни конференција за Западен Балкан. Бидејќи повеќе од соседство, Балканот е срцето на Европа, доволно е да ја погледнете картата и нашата историја, во тој регион денес има нови тензии. Ние имаме особено историска одговорност кон Западан Балкан, нагласи Емануел Макрон.

-Ние треба да водиме политика на повторно ангажирање, но исто така на инвестирање за да се фаворизира економската интеграција на регионот, за да се развијат размените меѓу луѓето, за да се зборува за прашањата на малцинствата кои го покриваат целиот регион и да се бориме против мешањето, манипулациите, кои се дело на повеќе регионални сили, кои бараат преку Балканот да ја дестабилизираат Европа.

Макрон е на мислење дека оваа политичка и економска работа кон Западен Балкан тоа е „вистинска агенда за суверенитет за Европа, бидејќи не може да се изгради Европа на мирот и просперитетот во идните педесет години, ако се остави Западен Балканот во денешната ситуација.”

Поврзани новости