Макрадули: Фино им кажав дека ги прислушуваат, ама немаше кој да слушне

by Фокус

Поранешниот пратеник на СДСМ, Јани Макерадули, на фејсбук потсети дека тој уште пред пет години ги предвидел денешниве случувања поврзани со аферата „прислушување“, но како што вели немало кој да го слушне.

Тој потсети на негова изјава дадена од собраниската говорница во јули 2010 година, кога се расправаше за интерпелација за министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
„Министерке, вас ве има како мирудија во секоја недемократска манџа во која се кршат основните човекови права и слободи веќе четири години во Република Македонија“.

По ова изјава, Макрадули потсети на уште една:

„Почитувани пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, денеска пробајте да гласате да можете слободно да зборувате на телефон. Денеска пробајте да гласате да престанете да шепотите. Денеска пробајте да гласате за да престанете да ја вртите наназад главата кога разговарате со опозицијата. Гласајте и кажете не за полициска држава и гласајте за да направите нешто за Македонија“, рекол Макрадули во 2010 година, кој сега заклучува дека фино им кажал, ама немало кој да слушне.

 

Поврзани новости