„Макпетрол“ e најдобар сениорски карате-клуб за 2025 година

by irena 13:57
13:57

На прогласувањето на најдобрите за 2025 година од страна на Kарате Федерацијата на Македонија, „Макпетрол“ се закити со седум признанија.

 

На свечената промоција на КФМ беа избрани најдобрите спортисти, тренери и клубови за изминатата година.

Kаратистите на скопската екипа и на овој избор повторно се најмногубројни и најдобри во највозрасните категории.

„Макпетрол“ беше прогласен за најдобар клуб во сениорска конкуренција, а Петар Заборски за најдобар тренер.

Во највозрасните категории на сениори-мажи прворангиран е Стефан Стојановиќ, кај сениорките прва е Ангела Мојсовска, а втора Викторија Јовановска.

Кај помладите сениори (У21), трет е Данило Божовиќ. Јована Мицовска е на второ место во помлади сениорки (У21).

Слични вести