Нелоски: Фирмата на татко ми не учествува на државни тендери

by irena 14:05
14:05

Владимир Нелоски – шефот на кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски ги отфрла тврдењата на опозициската СДСМ дека фирмата на неговиот татко учествува во државни тендери.

„Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес конференции на СДС партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие изобилуваат со невистини, креирани информации и полу информации. Тие треба да го свртат вниманието од комплетното растројство и дезорентираност во просторот на раководството на СДС и Венко Филипче и тој пусти страв од одговорност која знаат дека ја имаат. Мојот татко е дел од спомената приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи одлуки за државните пари. Како и секој човек, па и мојот татко кој цел живот работи чесно во приватниот сектор има право да работи, а впрочем истиот со трговија започнал да се занимава уште пред осамостојувањето на Македонија“ – напиша Нелоски на социјалните мрежи.

Вели дека „од СДС треба да знаат дека со невистини, лаги и манипулации не се добива довербата“.

„И бидејќи сум чесен и искрен, а сметам дека тоа треба да е клучен принцип во политиката нека не поставуваат прашања од СДС туку нека ги изнесат информациите во потврдна форма за да поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи“ – вели Нелоски.

Слични вести