435
Според истражувањето на агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење М-Проспект, медицинската марихуана ја одобруваат 70 отсто од Македониците, а 28 отсто се против. Мислењето е различно за генералната легализација на марихуана, која ја поддржале 34 отсто од испитаниците, а 63 отсто биле против.
Агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење М-Проспект следејќи ја актуелнaта дебата во Македонија околу легализација на марихуаната, а во рамки на сопствените анализи за ставови на јавноста по актуелни прашања, го спрoведе истражувањето по пат на теренска анкета на јавното мислење.