364
Граѓаните во светот мислат дека доаѓа економски потешка година, а граѓаните во Македонија очекуваат економски просперитет, покажуваат резулатите од Глобален барометар за просперитет, надеж и среќа што го спроведува Брима Галуп.
На прашањето „Споредено со оваа година, според Вас, дали следната година ќе биде година на економски просперитет, економска потешкотија или следната година ќе биде иста како и оваа“, 36% од македонските граѓани очекуваат следната 2018 да биде со економски просперитет. 24% се со став дека следната година ќе биде со економски потешка, а 34% веруваат дека нема да има промени во новата година што доаѓа.