Преку сто веб-страници раководени од Велес објавуваат лажни вести кои одат во прилог на Доналд Трамп и преку реклами заработуваат и до 5.000 долари месечно. Ова го објави BuzzFeed News кој откри дека изминатава година од Велес се отворени најмалку 140 веб-страници кои третираат американска политика.
Страниците ги водат тинејџери на околу 16годишна возраст и тие не се заинтересирани за политиката на Трамп, туку го објавуваат она што ќе им донесе најмногу кликови,а со тоа и најмногу реклами, односно пари.
-Ја отворив страницата за да правам пари. А, луѓето во Америка најмногу сакаат да читаат вести и текстови за Трамп, вели еден тинејџер од Велес кој ја води страницата BVANews.com.
Оние кои ги отвориле своите веб страници на почетокот на годинава, сега заработуваат и до 5.000 долари месечно. Се случува да се заработи и до 3.000 долари на ден, кога некоја објава ќе стекне многу кликови и заинтересираност.