452
Со свечено подигнување на македонското знаме од страна на министерот Бујар Османи, Амбасадата на Северна Македонија во Киев од денеска е повторно отворена и во неа е отпочнато извршувањето на редовните активности.
Во рамки на посетата во Украина, како што соопштија од Министерството за надворешни работи, шефот на дипломатијата Бујар Османи повторно ја отворил Амбасадата на земјава во главниот украински град – Киев, која по руската инвазија на Украина беше привремено затворена.
„Ова не е само симболична порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава“, изјави Османи.