410
Македонско друштво „Илинден“ -Тирана и Македонско друштво „Илинден“ – oгранок Голо Брдо најостро го осудуваат притворот од 30 дена за Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса за европска интеграција во Република Албанија.
„Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат итно ослободување од гонење и извинување за повреда на честа и неговиот углед и на Македонците во Република Албанија, се наведува во соопштението во кое се додава дека приведувањето на Темелко, според нив, е антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија.