ВМРО-ДПМНЕ: Заев се изживува врз Темелко, а ослободува убијци

by Fokus 09:18
09:18

„Во исто време кога хунтата на СДС прогонува и затвора недолжни граѓани и се изживува врз Едмонд Темелко кој е со животно загрозено здравје, владата на Заев со законот за амнестија ќе ослободи лица кои се осудени на тешки криминални дела, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека недолжни се носат во притвор, убијци, разбојници и криминалци се ослободуваат. Од СДС и Заев амнестија ќе има за лица осудени за убиство на дете при пораѓање, убиство од небрежност и убиство на миг. Заев и СДС сакаат на слобода да бидат лица кои се осудени за дистрибуирање на дрога, кражби и тепачки, нанесување на тешки телесни повреди, низа од дела кои се поврзани со бракот, семејството и младината. Помеѓу другото исто така ќе се амнестираат лица кои се бавеле со производство и пуштање на промет на штетни средства за лекување. – се наведува во партиското соопштение.

- Advertising -

Поврзани новости