УХМР со предупредување за можно невреме

by fokus

Управата за хидрометеоролошки работи денеска упати предупредување за можно невреме во јужните и источните делови на Македонија во попладневните часови.

Од УХМР велат дека прогнозата за денеска за овие региони е пороен дожд, силни електични празнења, силен ветер и град. Ова е резултат на влијанието на влажна и нестабилна воздушна маса од југозапад, поради што времето ќе биде променливо облачно и посвежо попладне со повремени врнежи од дожд.

Од утре се очекува променливо облачно и свежо време, ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец особено долж Повардарието каде ќе достигнува брзина и над 50 км на час.

Поврзани новости