Македонските затвори најполни во Европа, на 100 места се сместени 132 затвореници

by fokus

Македонските затвори се проценети за најполни во Европа, покажува годишниот статистички извештај за 2016-та година на Советот на Европа. Според извештајот на 100 расположливи места во македонските затвори, се сметени 132 затвореници.

Извештајот констатира дека во просек сите европски затвори се исполнети до последно место, односно дека пополнети се 90 отсто од капацитетитe, пренесува Al Jazeera.

По Македонија наjпренатрупани се затворите во Унгарија, па во Кипар, потоа во Белгија, Франција (каде има 117 затвореници на 100 расположливи места), Португалија (109), Италија (109), Албанија (108), Чешка, Романија, Турска и Србија со 109 затвореници на 100 расположливи места.

Како што стои во извештајот, најголем број затвореници се зад решетки поради кражба, или 19 отсто. Изминативе неколку години по ред најчести кривични дела извршени од затворениците биле дела поврзани со дрога.

 

 

Поврзани новости