Македонските судии се сретнаа со Венецијанската комисија

by Фокус

Од Здружението на македонските судии информираа дека вчера оствариле средба со претставници на Венецијанската комисија. Тема на средбата биле законите за судството.

Сосотанокот се одржал во просториите на Здружението на судии на Реплублика Македонија, а како негови претставници биле  претседателот на Здружението, судијата  Николчо Николовски и потпретседателите,  судиите Антоанета Димовска и Ханиф Зендели.

-Состанокот се одржа со цел да се разгледаат Законот за судови, Законот за Судски совет и Закон за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, појаснуваат од Здружението.

Вчера, средба била остварена и со Ѓуро Сеса, судија на Врховниот суд на Република Хрватска, претседател на Здружението на судии на Хрватска и потпретседателот на Меѓународното здружение на судии,  Нина Бетето, судија и потпретседател на Врховниот суд на Словенија, потпретседател на Здружението на судии на Словенија и претставник на Словенија во Консултативниот совет на европските судии на Советот на Европа.

 

Поврзани новости