549
Македонската женска ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на Медитеранските игри, откако попладнево загуби од Србија со 26-18 (10-8) во рамки на второто коло во групата Б.
Македонија му пружи отпор на фаворитот во првиот дел, но Србија заигра многу подобро во продолжението и на крајот забележа убедлива победа.
Македонските ракометарки во воведниот натпревар беа поразени од Турција (27-34), а шанса за премиерна победа ќе имаат утре против репрезентацијата на Португалија.