Вера Ванг ја откри тајната за неверојатниот изглед на 73 години: Најтешко ми беше да се откажам од Кока Кола!

by fokus

Американската модна дизјанерка Вера Ванг пред три дена го прослави својот 73-ти роденден, и ги почести обожавателите со славенички фотографии на социјалните мрежи. Жената која и во својата осма деценија изгледа неверојатно, и на која ретко кој би и дал 73 години, често е тема во светските медиуми околу одржувањето на линијата и затегнатото тело, но и младоликиот изглед.

Околу тоа како и успева да изгледа речиси два пати помлада од своите години, таа ја откри тајната за американски Харперс Базар.

-Потребни ми се седум до осум часа сон. Ако имам среќа, за викенд, спијам и по десет часа.
Првото нешто кое го правам наутро е проверката на телефонот. Имам домашна помошничка која ми го носи појадокот во кревет. Најчесто тоа е јогурт, свежо овошје, или пак јајца и колбаси од пилешко месо.
Во недела појадувам лосос со лимон и црн леб.
По појадокот, кревам тегови. Таа рутина ми трае околу пет минути, а теговите се тешки околу еден килограм.
Се туширам, се облекувам, и пред десет часот тргам на работа.

Додека сум на работа, не одам на ручек, туку ручам во канцеларија. Тоа е најчесто ориз со зеленчук, пилешко, кинеска храна – раскажува дизајнерката.

Додава дека пие само вода. Во минатото била голем љубител на диетална Кока Кола, од која се откажала пред повеќе години, а откажувањето и било многу тежок чекор.

-Во 16 часот излегувам од канцеларија и сакам да прошетам до некоја уметничка галерија, или пак во познатите бутици.
Во 18.30 часот сум дома и се опуштам во топла бања. Вечерата ми е секогаш во 19.30 часот, никако покасно. Пет ноќи во неделата вечерам во ресторан. Најчесто се одлучувам за лосос или стек.
Во недела навечер пак, секогаш поканувам пријатели на вечера. Мојата домашна помошничка приготвува одлична кинеска храна, и гостите секогаш си поминуваат убаво.

Кога вечерам надвор, се враќам дома најдоцна во 21.30 часот. Но, одењето во кревет ми е после полноќ – појаснува Ванг.

Сепак, открива дека има слабост кон разни видови на чипс, најчесто со вкус на сирење и феферони. Околу спортувањето, освен што кревала тегови, била љубител на голфот.
Вера има две ќерки кои ги посвои кога имаше 41 година. Беше во брак со инвеститорот Артур П. Бекер околу 23 години, од кого се разведе во 2012 година. Нејзиното богатство се проценува на 650 милиони долари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости